Вработени во јавниот сектор 1 - 40
1. Вработени во јавен сектор се:
а) лицата кои засновале работен однос во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон
б) лицата кои засновале работен однос во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, како и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје
в) лицата кои засновале работен однос во општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје
2. Лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или на локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат функции во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно закон се избрани или именувани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, се сметаат за вработени во јавниот сектор
True
False
3. Давателите на јавни услуги во областа на комуналните дејности не се сметаат за вработени во јавен сектор:
True
False
4. За прашања кои се однесуваат на работниот однос на вработените во јавниот сектор се применуваат општите прописи за работните односи, само доколку...
а) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, посебните закони и колективните договори
б) се работи за прашања кои се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор и овој закон упатува на дополнителна примена и на општите прописи за работните односи
в) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, како и за прашања за кои Законот за вработените во јавниот сектор не упатува на примена на посебен закон и колективен договор, а се однесува на работниот однос на вработениот
5. Начелото на еднакви услови и еднаков пристап до работно место, во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор значи дека:
а) институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку интерен, односно јавен оглас
б) на јавниот, односно интерниот оглас се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место
в) сите вработени во јавниот сектор имаат право на еднакви организациски, просторни и технички услови
6. Институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку објавување:
а) јавен, односно интерен оглас
б) јавен повик
в) соопштение до јавноста
7. Унапредувањето на вработените во јавниот сектор се врши преку :
а) објавување на интерен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
б) објавување на јавен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
в) преземање при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата
8. Примена на начелото на управување со ефектот на вработените во јавниот сектор подразбира:
а) обврска на институциите да воспостават процедури за управување со ефектот на вработените, преку кои ќе се следи нивната работа, ќе се оценуваат и ќе се предлагаат мерки за подобрување на ефектот
б) обврска на вработените да ги извршуваат работите и работните задачи утврдени во актите за систематизација на работни места во институциите
в) обврска на институциите да ги унапредат вработените
9. Примена на начелото на сервисна ориентираност за вработените во јавниот сектор подразбира:
A) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, со истовремена грижа за јавниот интерес
б) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, не водејќи сметка за јавниот интерес
в) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на сопствениот интерес
10. Примената на начелото на транспарентност и доверливост за вработените во јавниот сектор подразбира ...
а) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да обезбедат пристап до информации од јавен карактер на начин и под услови утврдени со закон
б) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи не смеат да обезбедат пристап до информации од јавен карактер за надворешните лица
в) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да побараат дозвола од Министерството за информатичко општество и администрација заради обезбедување на пристап до информации од јавен карактер
11. Работните места на вработените во јавниот сектор се групираат во:
а) две групи
б) три групи
в) четири групи
12. Која од наведените групи не се смета за група на вработени во јавниот сектор:
а) даватели на јавни услуги
б) помошно - технички лица
в) функционери
13. Во рамки на секоја подгрупа на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:
а) една или повеќе групи на работни места
б) една или повеќе категории на работни места
в) едно или повеќе нивоа на работни места
14. Во рамки на секоја категорија на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:
а) една или повеќе подгрупи на работни места
б) едно или повеќе нивоа на работни места
в) една или повеќе групи на работни места
15. Категориите и нивоата на работните места во јавниот сектор се утврдуваат во:
а) Законот за работните односи
б) Законот за вработените во јавниот сектор
в) посебните закони и колективните договори
16. Каталогот на работните места во јавниот сектор го воспоставува и води:
а) Агенцијата за вработување на Република Македонија
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Агенцијата за администрација
17. Што се регулира со актот за внатрешна организација на институцијата:
а) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа
б) начинот на однесување на вработените во институцијата
в) име и презиме на сите вработени во институцијата
18. Актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места за секоја институција од јавниот сектор го донесува:
а) надлежен државен орган утврден со закон
б) раководното лице на институцијата
в) раководителот на организационата единица за управување со човечките ресурси во институцијата
19. Со актот за систематизација на работните места во институцијата се регулира/ат:
а) описите на работните места
б) начинот на однесување на вработените
в) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа
20. Регистарот на вработените во јавниот сектор го воспоставува и во електронска форма го води:
а) Централниот регистар
б) Министерството за внатрешни работи
в) Министерството за информатичко општество и администрација
21. Законот за вработените во јавниот сектор допушта вработување на определено време:
а) да
б) не
в) да, но само во определени случаи таксативно наведени во законот
22. Полното работно време на вработените во јавниот сектор изнесува:
а) 40 часа неделно
б) 42 часа неделно
в) 48 часа неделно
23. Општите права и должности на вработените во јавниот сектор се уредуваат со:
а) посебните закони и колективните договори
б) Законот за работните односи
в) Законот за вработените во јавниот сектор
24. Со посебните закони се уредуваат ...
A) општите права и должности кои важат за сите вработени во јавниот сектор
б) заедничките начела кои важат за сите вработени во јавниот сектор
в) други права и должности кои произлегуваат од работниот однос на вработените, а кои не се уредени во Законот за вработените во јавниот сектор
25. Вработените во јавниот сектор имаат право на плата и надоместоци од плата во согласност со:
а) посебните закони, колективните договори или општите прописи за работните односи
б) Законот за вработените во јавниот сектор
в) Одлука на министерот за финансии
26. На вработените во јавниот сектор им мируваат правата и должностите од работниот однос само во случаите...
а) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон
б) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата
в) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон, кога се упатени на работа во странство во рамките на меѓународна, техничка, просветна, здравствена, културна, научна и друг вид на соработка, кога се упатени на работа во дипломатско или конзуларно претставништво, кога брачните другари им се упатени на работа во странство во погоре наведените случаи или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата
27. Вработените во јавниот сектор имаат право на неплатено отсуство, во времетраење од најмногу:
а) 1 година
б) 3 години
в) 2 години
28. Доколку за времетраењето на мирувањето на работниот однос на вработените во јавниот сектор, се променат посебните услови за нивното работно место ...
а) истите се должни да ги исполнат новите услови во рок од две години од денот на враќањето во институцијата
б) истите не се должни да ги исполнат новите услови
в) истите не можат да се вратат на истото работно место во институцијата
29. Вработените во јавниот сектор кои се кандидирале на парламентарни, претседателски или локални избори, имаат право на неплатено отсуство...:
а) за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат
б) во времетраење од 15 дена, сметано од почетокот на изборната кампања за изборите на кои учествуваат
в) немаат право на неплатено отсуство за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат
30. Ако вработените во јавниот сектор не го предупредат непосредно претпоставениот дека задачата што им ја дал е неуставна, односно незаконита и истата ја извршат, за нејзиното извршување ќе одговараат :
а) вработените
б) вработените и нивниот непосредно претпоставен
в) непосредно претпоставениот и неговиот раководител
31. Доколку работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно од непосредно претпоставениот е неуставна, односно незаконита, вработениот е должен е да му укаже на лицето кое што му ја дало задачата на неуставноста, односно незаконитоста на дадената задача и да постапи по истата...:
а) без оглед дали задачата е дадена усно или во писмена форма
б) доколку е дадена во писмена форма
в) доколку во писмена форма се согласи со нејзиното извршување
32. Вработените во јавниот сектор, ако оценат дека извршувањето на дадената работна задача претставува кривично дело, не можат да бидат повикани на одговорност заради даденото известувањето за тоа до непосредно повисокиот претпоставен од оној кој им ја дал задачата, како и до Државната комисија за спречување на корупција:
True
False
33. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...
а) до истекот на дневното работно време на работодавачот
б) во рок од 24 часа
в) во рок од три работни дена
34. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...:
а) до истекот на дневното работно време на работодавачот
б) веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето
в) во рок од 24 часа по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето
35. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето
True
False
36. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината за спреченоста за доаѓањето на работа
True
False
37. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, до истекот на дневното работно време на работодавачот
True
False
38. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор, можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење
True
False
39. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење:
а) доколку се согласат
б) доколку се согласат во писмена форма
в) без нивна согласност
40. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење само со нивна согласност
True
False
{"name":"Вработени во јавниот сектор 1 - 40", "url":"https://www.quiz-maker.com/QPREVIEW","txt":"1. Вработени во јавен сектор се:, 2. Лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или на локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат функции во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно закон се избрани или именувани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, се сметаат за вработени во јавниот сектор, 3. Давателите на јавни услуги во областа на комуналните дејности не се сметаат за вработени во јавен сектор:","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
More Quizzes
«Årets finnmarking»
420
Otestuj sa z geografie Tatier: Dokážeš tromfnúť siedmaka?
740
¿Qué pecado capital te delata?
520
Do you know mgizi Quiz
10530
Take the Free Anatomical Language and Master Anatomy
201033697
Free Blood Transfusion Administration
201022274
Which Blake Lively Character: Discover Your Persona!
201023885
Adventure Time Maker Princess: Which One Are You?
201027360
ProProfs Sterile Processing: Test Your CSSD Skills
201024082
Free Employee Onboarding Knowledge Test
201022274
Free Finance Knowledge Lead Generation
201029136
Think You Can Ace the Geometric Transformations?
201057812