Административни службеници 101 - 133
101. Со одлука за утврден дисциплински престап на административниот службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: парична казна во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци; распоредување на работно место во непосредно пониско ниво и престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за институцијата, а притоа не се утврдени олеснителни околности за административниот службеник кој го сторил престапот
True
False
102. Дисциплинската мерка против административниот службеник кој сторил дисциплинска неуредност ја изрекува:
а) Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
б) секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
в) Агенцијата за администрација
103. Против донесената одлука за дисциплинска мерка за дисциплинска неуредност, односно, за дисциплински престап, административниот службеник има право на жалба
True
False
104. Начинот на водење на дисциплинската постапка и образецот за тајното гласање на членовите на дисциплинската комисија го пропишува:
а) Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
б) Министерот за информатичко општество и администрација
в) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
105. Иницијатива за покренување на дисциплинска постапка против административен службеник со соодветно образложение има право да поднесе:
а) секој административен службеник и друго лице, во согласност со закон или Државната изборна комисија, Државниот завод за статистика и Државниот испитен центар
б) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
в) раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
106. Предлог за покренување на дисциплинска постапка против административен службеник поднесува:
а) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност
б) раководителот на организационата единица за управување со човечки ресурси во институцијата
в) непосредно претпоставениот административен службеник, како и секретарот, односно, раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар
107. Доколку повредата на службената должност повлекува и кривична одговорност, дисциплинската постапка за утврдување на одговорност на административниот службеник застарува во рок од:
а) една година од денот на дознавањето за повредата
б) две години од денот на дознавањето за повредата
в) три години од денот на дознавањето за повредата
108. Задршката од плата на име изречени парични казни на административниот службеник за сторени дисциплински неуредности или дисциплински престапи, во текот на еден месец не може да го надмине износот од:
а) една третина од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец
б) една половина од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец
в) 60 % од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец
109. Постапката за утврдување на материјална одговорност на административниот службеник, почнувајќи од денот на донесување на решението за формирање на комисијата за утврдување на материјална одговорност не може да се води подолго од:
а) 45 дена
б) 60 дена
в) 30 дена
110. Доколку административниот службеник на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност, предизвика штета на институцијата, и доколку низ соодветна постапка се потврди дека е одговорен за настанатата штета, штетата ја надоместува:
а) фондот за надоместување штети формиран на солидарна основа
б) административниот службеник лично
в) одделението/секторот каде што е вработен административниот службеник
111. Доколку административниот службеник во вршењето на работите и работните задачи предизвика материјална штета кон трети лица, институцијата е должна да ја надомести направената материјалната штета
True
False
112. Платите и надоместоците на плати на административните службеници се обезбедуваат од:
а) Буџетот на Република Македонија, буџетите на единиците на локалната самоуправа, како и од други извори на средства утврдени со закон
б) самофинансирање и должничко - доверителски односи на институцијата
в) донации и меѓународна помош
113. Платите на административните службеници:
а) се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во готовина
б) се пресметуваат и исплатуваат како збир од дневници за претходниот месец
в) се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во нето паричен износ еднаш месечно во тековниот месец за претходниот месец
114. Платата на административниот службеник се состои од:
а) плата по учинок и бонус
б) основна компонента и исклучителна компонента
в) плата по учинок и надоместок за редовност
115. Основната компонента на платата на административниот службеник ја сочинуваат: делот на плата за степен на образование, делот на плата за ниво и дел на плата за стаж:
True
False
116. Делот на плата за степен на образование, делот на плата за ниво и делот на плата за стаж на административните службеници се вреднуваат со:
а) бодови
б) индекси
в) проценти
117. Делот на плата за работниот стаж на административниот службеник се вреднува во износ од:
а) 0,5% од разликата меѓу деловите на платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж
б) 0,5% од деловите на платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%
в) 20% од делот на плата за стручно образование и за ниво
118. Исклучителната компонента на платата на административните службеници ја сочинуваат: додатокот на плата за посебни услови за работа, додатокот на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот и/или додатокот на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа:
True
False
119. За време на штрајк, доколку се исполнети сите законски услови, административниот службеник има право на плата во висина од:
а) 50% од платата што ја примил претходниот месец
б) 40% од платата што ја примил претходниот месец
в) 60% од платата што ја примил претходниот месец
120. На административниот службеник му престанува работниот однос: со спогодба; по негово барање; по сила на закон и во други случаи утврдени со овој и друг закон и колективен договор
True
False
121. Доколку на административен службеник му престане државјанството на Република Македонија, со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанството на Република Македонија му престанува работниот однос по сила на закон
True
False
122. Доколку административен службеник биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата му престанува работниот однос по сила на закон
True
False
123. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеци, со денот на започнувањето на издржување на казната
True
False
124. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон ако неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец
True
False
125. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон ако органот на државната управа надлежен за инспекциски надзор во рок од една година утврди дека вработениот е вработен спротивно на одредбите од Законот за административни службеници
True
False
126. Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за административни службеници и на прописите донесени врз основа на овој закон, врши:
а) Државниот управен инспекторат
б) Агенцијата за администрација
в) Државниот инспекторат за труд
127. Постапката за селекција при вработување на административен службеник се состои од три фази и тоа:
A) административна селекција, испит за административен службеник, проверка на веродостојноста на доставените докази и интервју.
б) административна селекција, стручен испит и интервју.
в) проверка на доставените докази, писмен тест, усен испит и интервју.
128. Испитот за административен службеник се состои од два дела и тоа:
а) стручен дел и дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски)
б) општ и посебен дел
в) општ и практичен дел
129. Унапредување на административните службеници се врши преку објавување на:
а) соопштение на веб страната на Агенцијата за администрација
б) јавен оглас во најмалу три дневни весници, што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик
в) интерен оглас на веб страната на институцијата и на Агенцијата за администрација.
130. Административен службеник кој се пријвува на интерен оглас треба да ги исполнува следните услови:
а) да е вработен во институција од јавен сектор, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место, да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас и тоа најмалку една година и да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас
б) да е вработен во институција од приватниот или јавен сектор, да ги исполнува општите и посебните услови припишани за соодветното ниво во Законот за административните службеници и во актот за систематизација, да е оценет со оцена “особено се истакнува“ или “се истакнува“ припоследното оценување и да е на работно место на пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас.
в) да е вработен во институцијата која објавува интерен оглас, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место припишани за соодветното ниво во Законот за административните службеници и во актот за систематизација, да е оценет со оцена “особено се истакнува“ или “се истакнува“ при последното оценување и да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и тоа најмалку две години и да не му е изречена дисцилинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
131. На административниот службеник кој е оценет со годишна оценка “А“ му се доделува:
а) додаток на плата за кариера
б) по сила на закон се унапредува за едно ниво повисоко
в) надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец во годината за која е оценувањето.
132. На административниот службеник кој е оценет со годишна оценка “А“ му се доделува надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец во годината за која се вршело оценувањето, доколку:
а) во буџетот на институцијата, се обезбедени средства за таа намена, а за тоа одлучи секретарот, односно раководното лице на институцијата, врз основа на предлог на непосредниот раководител.
б) во буџетот на институцијата, се обезбедени средства за таа намена, независно од тоа кој ја носи одлуката за исплатата на надоместокот.
в) непосредниот предпоставен донесе одлука за тоа.
133. Доколку административниот службеник биде оценет со оцена “Д“ му престанува работниот однос:
а) доколку еднаш биде оценет со оцена “Д“.
б) доколку во последните пет години најмалку два пати биде оценет со оцена “Д“.
в) доколку два пати последователно биде оценет со оцена “Д“ или најмалку три пати во последните пет години.
{"name":"Административни службеници 101 - 133", "url":"https://www.quiz-maker.com/QPREVIEW","txt":"101. Со одлука за утврден дисциплински престап на административниот службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: парична казна во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци; распоредување на работно место во непосредно пониско ниво и престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за институцијата, а притоа не се утврдени олеснителни околности за административниот службеник кој го сторил престапот, 102. Дисциплинската мерка против административниот службеник кој сторил дисциплинска неуредност ја изрекува:, 103. Против донесената одлука за дисциплинска мерка за дисциплинска неуредност, односно, за дисциплински престап, административниот службеник има право на жалба","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
More Surveys
Abschied Achim 27.04.23 11:30 Uhr
3237
THE SALVATION ARMY CONFIDENTIAL SURVEY
1260
Expo
4252
Arubanen en natuurrampen
10512
Oral pathology 100-150
502536
Welcome to the Marriage Missions Africa’s 2020 opening Survey. We just want to know you a little better!
1680
Healthy Snack Corner
6330
LHSS 1984 40th Reunion
Please help us determine where and when we should have our reunion. Please respond by July 31, 2023. Thank you!
320