Вработени во јавниот сектор 41 - 72
41. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење, се додека траат вонредните околности:
а) без оглед на нивното времетраење
б) но не подолго од една година
в) но не подолго од три месеци
42. Вработениот во јавниот сектор, во институцијата во која ги извршува работите и работните задачи, не смее на себе да носи или да истакнува партиски симболи во...:
а) просторијата на функционерот кој раководи со институцијата
б) работните простории и во просториите на институцијата
в) просториите во кои работи со странки
43. Вработените во јавниот сектор во текот на работното време смеат директно да учествуваат во изборните активности или во други јавни настапи од тој вид:
True
False
44. Вработените во јавниот сектор во работните простории и во просториите на институцијата не смеат да ги искажуваат или да ги застапуваат своите политички или партиски уверувања
True
False
45. Вработените во јавниот сектор, со своето членство во политичка партија и со учество во партиски активности, смеат да го доведат во прашање вршењето на работата и работните задачи од работното место во институцијата
True
False
46. Подароци, примени од страна на службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности, се сметаат за протоколарни подароци
True
False
47. Одговорноста на вработените во јавниот сектор за вршење на работите и работните задачи од работното место може да биде:
а) дисциплинска и/или материјална
б) дисциплинска
в) материјална
48. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок...:
а) ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
б) во зависност од тежината на стореното кривично дело, односно прекршок, ја исклучува, односно не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
в) не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
49. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
True
False
50. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор
True
False
51. Вработените во јавниот сектор, за вршењето на работите и работните задачи од работното место, се:
а) колективно одговорни
б) лично и/или колективно одговорни, во зависност од работното место на кое се распоредени во институцијата и од видот на дисциплинскиот престап
в) лично одговорни
52. На вработените во јавниот сектор работниот однос им престанува:
а) со спогодба, по нивно барање, по сила на закон и во други случаи утврдени со закон и/или колективен договор
б) со спогодба или по нивно барање
в) по сила на закон
53. Мобилност на вработените во јавниот сектор е:
а) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на јавниот сектор
б) вертикално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места
в) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места
54. Мобилност на вработените во јавниот сектор се врши:
а) преку објавување на јавен оглас
б) без објавување на интерен, односно јавен оглас
в) преку објавување на интерен, односно јавен оглас
55. Мобилност на вработените во јавниот сектор се врши преку:
а) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во рамките на иста група на работни места, независно од категоријата и нивото на работното место
б) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува или се презема
в) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во исто звање
56. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција:
а) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу една година
б) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу шест месеци
в) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу дваесет и четири месеци
г) се додека не престане потребата за тоа
57. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција...:
а) по претходна писмена согласност на раководните лица на институциите, без претходна согласност на вработениот
б) по претходна писмена согласност на вработениот и на раководните лица на институциите
в) по претходна писмена согласност на вработениот и на раководното лице на институцијата во која истиот е вработен
58. При распоредувањето на вработениот во јавниот сектор во истата институција или при временото распоредување на вработениот во друга институција, работното место на кое се распоредува не смее да биде:
а) надвор од местото во кое се наоѓа работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето
б) оддалечено повеќе од 25 километри од работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето
в) оддалечено повеќе од 50 километри од работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето
59. Трансфер – листи за можни преземања на вработените во јавниот сектор води:
а) Министерството за финансии
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Агенција за администрација
60. Вработениот во јавниот сектор, може да биде преземен од една во друга институција на работно место на исто ниво, односно на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција, ако за тоа се согласат вработениот и раководните лица на двете институции, а по претходна согласност на ...
а) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
б) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација
в) Агенцијата за администрација и Министерството за финансии
61. Вработениот во јавниот сектор чие работно место се укинува, се евидентира на Трансфер – листата на можни преземања и ...
а) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
б) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат раководните лица на институциите
в) по истекот на три месеца од денот на евидентирањето на Трансфер-листата на можни преземања се распоредува на било кое работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација
62. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација...
а) ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
б) без негова согласност
в) ако за тоа се согласат раководните лица на институциите и Министерството за финансии
63. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција...
а) на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација
б) на било кое работно место, доколку се согласи со тоа
в) на работно место кое е предвидено во актот за систематизација на работните места, а е упразнето
64. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на:
а) Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии
б) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот
в) Агенцијата за администрација
65. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор, односно вработен чие работно место се укинува, согласно Законот за вработените во јавниот сектор, не смее да биде оддалечена од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
True
False
66. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува, не смее да биде ...
а) надвор од местото во кое се наоѓа институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
б) оддалечена повеќе од 25 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
в) оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето
67. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува не смее да биде оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која бил вработен пред преземањето, освен ако ...:
а) преземањето е на барање на вработениот
б) двете институции се наоѓаат во едно поголемо населено место
в) постои бесплатен организиран превоз до институцијата во која се презема вработениот
68. Во рамките на секоја група на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:
а) најмалку две категории на работни места
б) една или повеќе подгрупи на работни места
в) пет нивоа на работни места
69. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконите....
а) должен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата
б) Не е долежен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата
70. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконите, должен е да му укаже на лицето кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на задачата дадена во писмена форма и истата да ја изврши, освен.....
а) ако одлучи, покрај даденото укажување на лицето кое му ја дало задачата за неуставноста односно незаконитоста на дадената задача, за тоа писмено да го извести и непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата.
б) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.
в) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело, за кое е пропишано казна затвор во траење подолго од шест месеци и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.
71. Во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, вработениоте во јавниот сектор не смеат да примаат подароци поврзани со нивната работа:
а) со исклучок на протоколарни подароци и повремени подароци од пониска вредност
б) со исклучок на протоколарни подароци од пониска вредност
в) не смеат да примаат подароци
72. Вработениот чие работно место се укинало и се евидентирал на Трансфер – листата на можни превземања, доколку не ја потпише понудената спогодба за преземање во друга институција, на работно место во исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација:
а) се враќа во институцијата од која требало да биде превземен
б) се враќа на Трансфер – листата на можни превземања
в) му престанува работниот однос
{"name":"Вработени во јавниот сектор 41 - 72", "url":"https://www.quiz-maker.com/QPREVIEW","txt":"41. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење, се додека траат вонредните околности:, 42. Вработениот во јавниот сектор, во институцијата во која ги извршува работите и работните задачи, не смее на себе да носи или да истакнува партиски симболи во...:, 43. Вработените во јавниот сектор во текот на работното време смеат директно да учествуваат во изборните активности или во други јавни настапи од тој вид:","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}