Административни службеници 1 - 50

1. Статусот и надлежноста на Агенцијата за администрација се регулирани со:
а) Законот за административни службеници
б) Законот за државните институции
в) Законот за Агенцијата за администрација на Република Македонија
2. Административен службеник е лице кое засновало работен однос заради вршење на работи од административна природа во:
а) органите на државната и локалната власт и во други државни органи основани во согласност со устав и со закон и во институциите што вршат дејности од областа на образованието, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје и општините на градот Скопје
б) административната служба на јавните претпријатија
в) Административниот совет на јавниот сектор
3. Во зависност од институцијата во која е вработен, административниот службеник може да биде:
а) државен службеник и јавен службеник
б) службеник и овластено службено лице
в) службеник и давател на јавна услуга
4. За прашања што се однесуваат на работниот однос на административните службеници, а што не се уредени со Законот за административни службеници, со Законот за вработени во јавниот сектор или со посебните закони и со колективни договори, се применува:
а) општите прописи за работните односи
б) Законот за организација и работа на државната управа
в) Законот за општа управна постапка
5. Изразот „работно место" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) посебна категорија во организациска единица
б) одделно ниво во актот за систематизација
в) најмала единица во организациската структура на институцијата која во актот за систематизација е опишана со ниво, општи и посебни услови, цели и работни задачи и други податоци од интерес за работното место
6. Изразот „сродни работни места" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) работни места во една организациска единица
б) работни места во ист ресор
в) работни места од исто ниво за кои се бара ист степен и ист вид на образование
7. Изразот „стручни квалификации" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) диплома од завршено насочено образование на кандидатот
б) формално образование и други форми на стручно образование на вработениот за кои поседува диплома или сертификат
в) квалификации стекнати низ практична работа на конкретно работно место
8. Изразот „работни компетенции" употребен во Законот за административни службеници означува:
а) збир од знаења, вештини и способност на вработениот административен службеник да ги извршува работите и работните задачи на работното место
б) вештини стекнати низ работа
в) знаења стекнати со обуки
9. Изразот „работно искуство во струката" употребен во Законот за административни службеници го означува:
а) периодот на работен стаж или искуство стекнато во струката, почнувајќи од првото засновање на работен однос
б) периодот на работен стаж стекнат по било каков основ
в) периодот евидентиран во агенција за вработување како работен стаж, кој вработениот го поминал во работен однос по стекнување на определен степен и вид образование и во кој вршел работи и работни задачи за кои е потребен таков степен и вид на образование
10. Кои институции се надлежни за координација на управувањето со административните службеници:
а) Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Агенцијата за администрација
б) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за вработување на Република Македонија
в) Министерството за финансии, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Агенција за вработување на Република Македонија
11. Агенцијата за администрација е:
а) орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација
б) самостоен државен орган со својство на правно лице, со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за административни службеници
в) самостоен орган на државна управа
12. Агенцијата за администрација за својата работа е одговорна пред:
а) Собранието на Република Македонија
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Владата на Република Македонија
13. Со Агенцијата за администрација раководи:
а) Директор
б) Генерален секретар
в) Министер
14. Директорот на Агенцијата за администрација се именува за период од:
а) пет години
б) шест години
в) четири години
15. По жалби и приговори на административните службеници во втор степен одлучува:
а) Агенцијата за администрација
б) Министерот за информатичко општество и администрација
в) Директорот на институцијата
16. Административните службеници се класифицираат според следниве обележја на категориите:
а) А, Б, В и Г
б) I, II, III и IV
в) раководни и извршни административни службеници
17. Административните службеници се класифицирани во следниве категории:
а) Категорија I - директори, категорија II – раководители на сектор, категорија III - раководители на одделенија и категорија IV- раководители на служба
б) Категорија А – секретари; категорија Б – раководни административни службеници; категорија В – стручни административни службеници и категорија Г – помошно стручни административни службеници
в) Категорија - директори; категорија - раководители; категорија – извршно- административни службеници и категорија – помошен персонал
18. Во Законот за административни службеници е предвидена можност со актот за систематизација на работните места да бидат утврдени посебни работни места –кабинетски службеници во кабинетите на:
а) Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, Генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите
б) сите министри, Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Владата на Република Македонија
в) Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија и Народниот правобранител на Република Македонија
19. Пополнување на слободните работни места во институциите заради вршење на административни работи, се врши преку постапка за:
а) вработување и прераспоредување
б) вработување и унапредување
в) вработување, унапредување и мобилност преку распоредување или преземање
20. Постапката за вработување на административни службеници започнува со:
а) објавување на јавен оглас
б) јавен повик во медиумите
в) писмено соопштение на интернет страницата на институцијата
21. Постапките за пополнување на работно место на административен службеник се спроведуваат по:
а) добивање писмено одобрување од Агенцијата за вработување на Република Македонија
б) претходно известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, односно од органот надлежен за издавање на финансиска согласност за пополнување на работни места во институцијата
в) барање согласност од Владата на Република Македонија
22. Постапката за унапредување на административен службеник започнува со:
а) објавување на интерен оглас
б) објавување на јавен оглас
в) објавување на соопштение за медиумите
23. Годишниот план за вработување го донесува:
а) раководното лице на институцијата
б) Управниот одбор на институцијата
в) министерот од надлежниот ресор
24. Годишниот план за вработување содржи:
а) точни податоци за предвидени нови вработувања и заминувања од службата
б) точни податоци за распоредувања на нови и постојно вработени во текот на календарската година по сите основи
в) точни податоци за состојбата на пополнетост на работните места во институцијата; податоци за планирани пензионирања и податоци за други планирани движења на вработените и план за распределба на бројот на нови вработувања во следната година по припадност на заедница
25. Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор дава согласност при донесувањето на годишниот план за вработување во:
а) органите на државната управа
б) институциите во јавниот сектор
в) органите на државната и локалната власт
26. За институциите буџетски корисници од прва линија кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија и за јавните претпријатија основани од Република Македонија, при донесувањето на годишниот план за вработување согласност дава:
а) Министерство за финансии
б) Министерство за економија
в) надлежно министерство
27. Јавниот оглас за вработување на административни службеници се објавува на:
а) интернет страницата на институцијата која врши вработување и во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;
б) интернет страницата на Агенцијата за администрација на Република Македонија и во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;
в) интернет страницата на Министерството за информатичко општество и администрација и во најмалку два дневни весника, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
28. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас ја формира:
а) Агенцијата за администрација
б) Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор
в) Министерството за информатичко општество и администрација
29. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас е составена од:
а) административен службеник од Секторот за селекција на кандидати во Агенцијата за администрација кој е претседател на Комисијата и негов заменик, раководителот на организациoната единица за управување со човечки ресурси, односно административниот службеник кој ги врши работите кои се однесуваат за управување со човечки ресурси ако нема организациона единица во институцијата која вработува и негов заменик, раководителите на организационите единици во кои работните места се пополнуваат, односно непосредно претпоставените доколку нема раководители како и нивни заменици и/или административен службеник од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и негов заменик доколку постапката се спроведува за органи на државната управа
б) раководни административни службеници, претставници од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Агенцијата за администрација на Република Македонија и онолку други членови од соодветните организациони единици на институциите за кои се предвидува пополнување на работните места, како и нивни заменици
в) раководни административни службеници, претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за вработување на Република Македонија и онолку други членови од соодветните организациони единици на институциите за кои се спроведува постапка за пополнување на работните места, како и нивни заменици
30. Постапката за селекција при вработување на административен службеник се состои од:
а) три фази
б) четири фази
в) две фази
31. Административната селекција за вработување се состои од:
а) проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, приложените докази во пријавата и нивно бодирање
б) проверка на доказите и нивно бодирање
в) проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во дневните весници
32. По спроведување на административната селекција, во следна фаза на постапката за селекција поминуваат:
а) најмногу десет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани
б) најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани
в) најмалку пет повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани
33. По спроведувањето на испитот за административен службеник, во следна фаза на постапката за селекција поминуваат:
а) најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата
б) најмногу три пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата
б) најмногу три пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата
34. Проверка на веродостојноста на доказите приложени од кандидатите за вработување пријавени на јавниот оглас врши:
A) Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Агенцијата за администрација
35. Интервјуто, како дел од постапката за селекција на кандидатите пријавени на јавниот оглас за вработување на административен службеник го спроведува:
а) Агенцијата за администрација
б) Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас
в) Агенцијата за вработување на Република Македонија
36. На интервјуто, како дел од постапката за селекција на кандидатите пријавени на јавен оглас за вработување на административен службеник, преку ситуациони прашања се проверуваат потребните општи работни компетенции на кандидатот за категоријата на која припаѓа работното место за кое конкурирал, а преку стручни прашања или практични задачи, се проверуваат неговите посебни работни компетенции од делокругот на работното место за кое конкурирал
True
False
37. Врз основа на предлогот од Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас, одлуката за избор за вработување на административен службеник ја донесува:
а) секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар
б) директорот на Агенцијата за администрација
в) Претседателот на Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас
38. Против одлуката за избор за вработување, незадоволниот кандидат има право на жалба која се доставува до:
а) Агенцијата за администрација, односно до надлежен орган во согласност со Законот за административни службеници
б) надлежен основен суд
в) Министерството за информатичко општество и администрација
39. Во рок од пет дена од конечноста на одлуката за избор на кандидат за вработување, раководното лице на институцијата носи решение, односно склучува договор за вработување на неопределено време со избраниот кандидат
True
False
40. Избраниот кандидат за вработување, непосредно пред стапување на работа, пред секретарот односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, потпишува:
а) Изјава за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор, која е составен дел од Кодексот за административните службеници
б) свечена заклетва за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор
в) согласност за распоредување на било кое работно место во институцијата, во случај на укинување на работното место на кое се вработува
41. Постапката на унапредување има за цел да им овозможи на административните службеници кариерно напредување, односно преминување од пониски на повисоки работни места во рамки на институцијата
True
False
42. При постапка на унапредување се почитува начелото за соодветна и правична застапеност:
True
False
43. На интерен оглас може да се јави:
а) административен службеник вработен во институцијата која објавува интерен оглас
б) административен службеник вработен во органите на државната и локалната власт
в) вработен од групата на даватели на услуги во дејностите од јавниот сектор
44. Постапката за селекција за унапредување на административен службеник се состои од:
а) испит за административен службеник и интервју
б) административна селекција и интервју
в) испит за административен службеник и тест на личноста
45. Административната селекција, при интерен оглас кој го објавува институцијата, се состои од:
а) проверка на знаењата и способностите на пријавените кандидати
б) оценување на општите и посебните работни компетенции на пријавените кандидати
в)проверка на внесените податоци во пријавата со условите кои според Законот за административни службеници кандидатите за унапредување треба да ги исполнуваат, проверка на приложените докази во пријавата и нивно бодирање
46. Бодовите за административна селекција за секој пријавен кандидат на интерен оглас се утврдуваат врз основа на:
а) збирот од просечната оценка на највисокиот степен на образование на кандидатот и успехот на тестот
б) збирот на последните три оцени на кандидатот добиени на редовните оценувања во институцијата, реализираните обуки и потврдите за менторство
в) мислењето на најмалку двајца раководни административни службеници
47. Во постапка за унапредување, Комисијата за селекција и унапредување, врз основа на составената ранг-листа на кандидатите според освоените бодови, спроведува интервју со:
а) најмногу три најдобро рангирани кандидати
б) најмногу пет најдобро рангирани кандидати
в) првиот најдобро рангиран кандидат
48. Во постапка по интерен оглас, врз основа на ранг-листата на кандидатите според освоените бодови на административната селекција и интервјуто, Комисијата за селекција и унапредување, на секретарот, односно на раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар, му го/ги предлага како кандидат/и за вработување:
а) прворангираниот кандидат
б) трите прворангирани кандидати
в) петте прворангирани кандидати
49. Во постапка по интерен оглас, по исклучок, интервјуто со најдобро рангираниот/те кандидат/и пријавен/и на интерниот оглас го врши секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар, и тоа за:
а) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата В
б) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата А
в) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата Б
50. Формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен јавниот оглас, ги пропишува:
а) Министерот за информатичко општество и администрација
б) Директорот на Агенцијата за администрација
в) Комисијата за селекција и унапредување
50. Формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен јавниот оглас, ги пропишува:
а) Министерот за информатичко општество и администрација
б) Директорот на Агенцијата за администрација
в) Комисијата за селекција и унапредување
{"name":"Административни службеници 1 - 50", "url":"https://www.quiz-maker.com/QPREVIEW","txt":"1. Статусот и надлежноста на Агенцијата за администрација се регулирани со:, 2. Административен службеник е лице кое засновало работен однос заради вршење на работи од административна природа во:, 3. Во зависност од институцијата во која е вработен, административниот службеник може да биде:","img":"https://www.quiz-maker.com/3012/images/ogquiz.png"}
Make your own Survey
- it's free to start.